https://aplusme.me/media/2022/05/4E3B6192-BFEC-4495-A4CC-844484A9D984.jpeg

10.05.2022 Скопје

Вселенската Патријаршија, во текот на вчерашниот ден, донесе одлука за да ја започне постапката за признавање на МПЦ – ОА. До овој момент, ова е најголемиот чекор кој води кон целосно признавање и отстранување на повеќедецениската шизма.

Со оваа одлука, Вселенската Патријаршија ја признава црквата предводена од Архиепископот Стефан, за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење со неа. Одлуката претставува израз на татковска љубов и грижа од страна на Вселенската Патријаршија.

Протоереј Игор Јакимчук, секретар на одделението за надворешни односи на Московската Патријаршија, соопшти дека РПЦ ги признава исклучиво правата на Српската православна црква во Северна Македонија.

Сепак, признавањето на каноничноста стави крај на речиси 70 – годишната изолација на возобновената Охридска Архиепископија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author