https://www.facebook.com/FilharmonijaMK/photos/10160138888303011

16.05.2022 Скопје

За прв пат во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ ќе биде изведено вокално – инструменталното дело „Реквием за војната“ во рамките на концертот „Слобода“, кој Националната филхармонија ќе го одржи во четврток во 20 часот.

Вокалното – инструментално дел „Реквием за војната“ од англискиот композитор Бенџамин Бритн, ќе биде изведено под диригенство на истакнатиот израелско – американски маестро Бенџамин Шварц. Ќе учествуваат и Камерниот и симфонскиот оркестар на Филхармонија, хорот на Софиската филхармонија, Детскиот хор при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ и солистите Весна Ѓиновска – Илкова, Стеван Каранац и Горан Начевски.

Концертот е посветен на сите жртви во војните, кои се водат низ светот, а музиката е порака за мир и помирување.

Делото е декларирано како монументален музички тестамент против војната, конфликтите и насилството.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author