12.05.2022 Скопје
Тоа што се случуваше на „Криволак“, деновиве уште повеќе ја зацврсти заложбата на Р.С.Македонија за влез во ЕУ. Ова е најголема од петте слични вежби, Северна Македонија се покажа како инзвореден домаќин со инзвореден полигон за обука, како и НАТО сојузниците и партнерите кои даваа значителен придонес за извршување на заедничките вежби.
Вежбата „Брз одговор 22“ е до сега најголема мултинационална вежба во Македонија и единствена од осамостојувањето на државата.
Во вежбата учествуваа војници од армиите на Македонија, САД, Обединетото Кралство, Франција, Италија, Шпанија, Црна Гора, Албанија и Грција.
Со ова се покажа дека во НАТО нема мали и големи, први или последни, туку само понудена рака и сојузничка поддршка.
Подготвено од А.Ѓ.