10.05.2022 Скопје
Владата на денешната седница донесе одлука за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта, со што се утврди дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови.
Со оваа одлука се заклучи дека нема да има продолжување на учебната година во средните училишта.
Подготвено од А.Ѓ.