19.05.2022 Скопје
Според сознанија, се претпоставува дека над 2400 дечиња чекаат за прием во градинките, во главниот град.
Ситуацијата со недостаток на места за сместување на најмалите, секоја година се појавува како проблем, на кој надлежните од оваа или претходната Влада, остануваат глуви.
Родителите на дечињата, кои се на листа на чекање за прием во градинките, реагираат на социјалните мрежи, со што тие се свесни дека оваа ситуација не може да се реши преку ноќ, но не е можно долг период да се соочуваат со едниот ист проблем, а решение се уште да нема.
Подготвено од М.Н.