15.05.2022 Скопје
Заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ во една од неговите изјави за српска агенција, истакна дека украинската криза би требало да биде повик за будење на ЕУ, воедно и повик за поголем ангажман и посветеност на Западен Балкан. Исто така, додаде и дека од почетокот на формирањето на новата на Влада се водат интензивни разговори со Бугарија, со што се работи на реформскиот план со цел преговорите да започнат што е можно поскоро.
Маричиќ истакна дека иницијативата „ Западен Балкан “ е добра иницијатива која треба да се надоградува и дека треба да се вклучат Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, за заедно да покажат, како регион, дека може да се направат позитивни работи за граѓаните.
Подготвено од А.Ѓ.