09.05.2022 Скопје
Францускиот претседател Макрон во својот говор пред Европскиот парламент, по повод Денот на Европа, изјави дека нереално е да се очекува скоро влегување на Украина во ЕУ, освен ако не се се намалат стандардите за пристапување и предложи создавање на европска политичка заедница која би можела да ја прифати Украина. Со неговиот предлог, оваа нова заедница ќе им овозможи на демократските нации кои се придржуваат до европските вредности да најдат нов простор за политичка соработка.
Макрон додаде и дека на сите им е познат процесот за пристапување во Унијата, кој обично трае со години, па дури и децении.
Подготвено од А.Ѓ.