23.05.2022 Скопје
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли по освојувањето на Серија А се соочи со голема трагедија.
Во хаотичната завршница на „Мапеи“ во Реџо Емилија, по победата над Сасуоло, навивач на Милан му го украде медалот.
Крадецот на медалот се има пофалено на социјалните мрежи со својот плен и на неговата објава стои „Благодарам Пиоли“.
На Пиоли ова му е прва титула во кариерата и од Лега Серија А објавиле дека ќе му направат копија од медалот на тренерот.
Подготвено од М.Н.