09.05.2022 Скопје
Министерот за економија, Крешник Бектеши по денешната средба со министерката за финансии и економија на Албанија, Делина Ибрахимај во Тирана, најави дека на следната седница на Владата, Министерството за економија ќе предложи укинување на одлуката за забрана за извоз на основни прехранбени производи, меѓу кои и сончогледовото масло за јадење. Исто така, на средбата се разговараше за можностите за зголемување на трговската размена меѓу двете земји, но и со другите земји од Западен Балкан.
Албанската министерка додаде дека со иницијативата „ Отворен Балкан “ се донесени значајни одлуки во однос на слободното движење на луѓе, стоки и ќе продолжат да го олеснуваат заедничкиот пазар и економската одржливост.
Подготвено од А.Ѓ.