31.05.2022 Скопје
На 2 Јуни во 10 часот пред платото на Ректоратот, преку мирен протест ќе го изразат револтот и незадоволството од игнорираниот однос на надлежните органи кон вработените на скопскиот Универзитет.
Одлуката за излегување на протест била донесена на седницата одржана на 27 Мај.
Протестот како што велат од Синдикатот на УКИМ е предупредувачки, но ако не им се прифатат барањата, не ја исклучуваат можноста за штрајк во време на јунската сесија, со што може да дојде до неизвесност полагањето на студентите.
Подготвено од М.Н.