17.05.2022 Скопје
Турскиот претседател Ердоган останува на ставот дека неговата земја нема да одобри влез на Шведска и Финска во НАТО, и покрај тоа што Шведска по потпишувањето на апликацијата за влез на земјата во НАТО, прати дипломати во Анкара за да го разубедат Ердоган.
Ердоган истакна дека не им верува и на двете земји, затоа што се уште немаат јасен став за курдските милитанти кои ги поддржуваат, а кои Турција ги смета за терористи.
Подготвено од А.Ѓ.