
26.05.2022 Скопје
После повеќечасовниот состанок на дипломати од Шведска и Финска и нивните турски колеги, поради противењето на Турција за влез на двете скандинавски земји во НАТО, договор се уште не е постигнат и нема да биде постигнат се додека не се решат безбедносните грижи на Турција.
Турскиот потпарол, Ибрахим Калин, изјавил дека од средбата само позитивен став било тоа дека е укинато ембаргото за производите од одбранбената индустрија, што Шведска и Финска го забранија откако Турција изврши упад во Сирија.
Подготвено од М.Н.