https://www.facebook.com/ustaven.oficijalna.stranica/photos/a.102609862302690/102614638968879

14.05.2022 Скопје

Откако една година Уставниот суд работи со намален број на судии, поради испразнетите места, се одржа седница на Комисијата за прашања на изборите и именувања.

Уставниот суд, во моментов, работи без четворица судии, на кои им истекол мандатот од предвидени девет судии.

Членовите на Собраниската комисија за прашање на изборите и именувања, предлоќија девет кандидати за судии на Уставниот суд.

Во рамки на седницата предложено е и секој од кандидатите да има лично обраќање и претставување, кадешто освен нивната биографија, ќе бидат и лично, во живо, слушнати за нивните размислувања, за работата на Уставниот суд, за нивното познавање за надлежноста на судот и зошто сметаат дека секој од нив ќе биде компетентен или добар член на Уставниот суд во иднина.

Подготвено од М.Н.

About Author