24.05.2022 Скопје
Поминаа три месеци откако трае војната во Украина. Цената најмногу ја плаќаат војниците и нивните семејства, бидејќи тие се во првите борбени редови и најпогодени се во оваа војна.
Иако западните сили се обидуваат да ги вразумат двете страни и да се помират, сепак сите преговори остануваат во ќор сокак.
Според изјава на украинскиот претседател, Зеленски, руските сили се организирале да направат нов масакар во Донбас, а Русија тврди дека осум години ја чекале Украина да почне да го почитува договорот од Минск и да престанат со геноцидот на руското население во Донбас.
Подготвено од А.Ѓ.