18.05.2022 Скопје
На Скопскиот аеродром пристигна српската премиерка, Ана Брнабиќ, која денеска ќе престојува во посета на Република Северна Македонија.
Премиерката беше пречекана од заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Ќе се водат разговори во врска со напредокот во интеграциите на двете пријателски земји, меѓусебната соработка и околу подготовките за Самитот на „Отворен Балкан“.
Брнабиќ ќе оствари работна средба и со премиерот Димитар Ковачевски, по што заедно ќе присуствуваат на Самитот „Македонија 2025“, на којшто свое обраќање ќе има и премиерката Брнабиќ.
Подготвено од М.Н.