25.05.2022 Скопје
Претседателот Стево Пендаровски остварил средба со претседателот на црногорската Влада, Дритан Абазовиќ.
Размениле мислења за актуелните политички случувања во двете земји и за случувањата во регионот на Западен Балкан и Европа.
Претседателот Пендаровски му го честитал на Абазовиќ и назначувањето на новата функција и му посакал успешен мандат и успешно справување како со внатрешната, така и со надворешната политика на Црна Гора.
Подготвено од М.Н.