31.05.2022 Скопје
Во изјавата на специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, стои дека сите земји од Западен Балкан се имаат согласено на некој начин да ја натераат Русија да ја плати цената преку санкции за инвазијата врз Украина и се надева дека и Србија ќе им се придружи на другите земји и ќе воведе санкции кон Русија.
Тој посочи дека земјите од Западен Балкан постигнале огромен напредок и импресивни реформи и изрази надеж дека Европа ќе го спроведе она што го кажува денес, кога станува збор за европската интеграција на Западен Балкан.
Подготвено од М.Н.