https://www.facebook.com/photo/?fbid=1254954544836777&set=a.101408680191375

19.05.2022 Скопје

Синодот на МПЦ – ОА, по испратената покана од СПЦ за литургија на помирување, се одлучи да ја прифати поканата.

Литургијата ќе се одржи во соборниот храм на „Свети Сава“ во Белград, и ќе ја одржат српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Со овие случувања одиме чекор напред, со чинот на заедничката литургија ќе биде воспоставено литургиско и канонско единство на двете цркви.

Се остава на најсветата Црква на Србија да ги уреди управните прашања што ги има помеѓу неа и Црквата во Северна Македонија, во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание.

Подготвено од М.Н.

About Author