30.05.2022 Скопје
Во посета на градинката во Волково, изградена преку проектот за подобрување на социјални услуги, финансиран од Светска банка, присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, потпретседателката на Светска банка, Ана Бјерде и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Во период од три години, изградени се или се во фаза на изградба 16 градинки.
Паралелно се вложува и во зајакнување на капацитетот на вработени во градинките.
Министерката со изјава додаде и дека покрај влогот во најмладите, се работи и на значајна реформа за нови социјални услуги наменети за ранливите групи на граѓани, постари лица и лица со попреченост.
Подготвено од А.Ѓ.