10.05.2022 Скопје
Сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, е во еднодневна работна посета на Република Северна Македонија каде ќе оствари средба со министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Шаленберг очекува во јуни да се тргне бугарското вето за почеток на преговори на Северна Македонија со ЕУ, со што билатералните прашања треба темелно да се дискутираат и решаваат меѓу државите на билатерално ниво, а не треба да се влече на сцената на ЕУ. Тој додаде и дека почетокот на преговорите со Македонија и Албанија е најгорливото прашање, кое Европската Унија треба да го реши за да го врати својот кредибилитет.
Подготвено од А.Ѓ.