11.05.2022 Скопје
Во просек, секој жител на нашата земја создава повеќе од два килограми отпад на ден.
Со рециклирањето покажуваме дека се грижиме за почиста околина, исто така и одржливиот начин на живот е да се создава помала количина на отпад.
Започнете со тоа што ќе носите платнена торба за пазарување, за да не морате да купувате пластични кеси, кои после тоа ќе завршат во отпад.
Селектирањето на отпадот, исто така треба да ни стане навика и култура на живеење.
Да бидеме пример на помладите генерации и да ја зачуваме околината во која живееме.
Подготвено од М.Н.