27.05.2022 Скопје
На својот официјален фејсбук профил, премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, напиша дека бариерите паѓаат.
Ковачевски посочи дека со своите колеги, разговарал за забрзување на имплементацијата на проектите во рамките на „Отворен Балкан“.
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјавил дека „Отворен Балкан“ е најдобрата опција на балканските народи и дека се подготвуваат големи соработки меѓу граѓаните на Србија, Македонија и Албанија.
Подготвено од А.Ѓ.