12.05.2022 Скопје
Регионалната младинска програма организирана од делегацијата на ЕУ под името „Младите ја превземаат Владата“, како дел од програмата Европска година на младите, денеска беа гости на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, по што тој им ги отстапи просториите за завршната активност.
Димитар Ковачевски ги повика и охрабри младите луѓе да превземаат акции и да ги реализираат своите идеи, исто така ја изрази својата почит кон придонесот на сите млади луѓе, восхитувајќи се на нивната храброст, иновативност и безпрекорни идеи.
Со директна дискусија со младите луѓе и владините претставници, им беше дадено до знаење дека вратите на институциите секогаш ќе им бидат отворени.
Подготвено од А.Ѓ.