02.05.2022 Скопје
Мелодрамата „Си беше еднаш во Србија“ на режисерот Петар Ристовски и авторот и продуцентот Звонимир Шимунец, во продукција на Ле Филм е романсирана приказна за еден град на југот на Србија, кој од турска чаршија израснува во европско гратче и го добива епитетот „српски Манчестер“.
Лесковачката драма во три чина „со среќен крај“ претставува омаж на прочуените лесковачки семејства и нивниот ненадминат претприемачки дух.
Оваа мелодрама со елемент на комедија, премиерно се прикажува од денес во киното Cineplex, во Скопје од 20 часот.
Подготвено од А.Ѓ.