12.05.2022 Скопје
Град Скопје нема пари да ги плати приватните превозници, дури и кога наплатуваат за билети, се жалат приватните превозници во Скопје.
Градоначалничката Данела Арсовска не даде одговор зошто не им се исплатени пари на приватните превозници за три месеци и што ќе превземе како градоначалничка, со оглед на тоа дека граѓаните се оставени без автобуски превоз.
Приватните превозници се жалат дека немаат пари за гориво, а па да не зборуваат за платите што не ги земале веќе 3 месеци.
Од Град Скопје веќе имаат договорено средба, по што останува да се види дали линиите ќе се вратат во нормала или дел од граѓаните и понатака ќе бидат отсечени од центарот на градот и другите општини во поглед на јавниот автобуски превоз.
Подготвено од А.Ѓ.