30.05.2022 Скопје
Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, во неговото обраќање по повод 40 – годишнината од членството на Шпанија во НАТО, стои дека поддршката на НАТО за Украина е нераскинлива и рускиот претседател Владимир Путин нема да ги постигне своите цели во земјата, што неговите сили ја нападнале на 24 Февруари. Санчез додаде и дека силната поддршка за Украина е единствениот начин за да се осигура дека Европа и светот што е граден со години, имаат сигурна иднина.
На самитот на Алијансата во Мадрид од 28 до 30 Јуни домаќин е Санчез. На самитот фокусирани се за војната во Украина и барањата на Финска и Шведска за приклучување на одбранбениот сојуз.
Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, на истиот настан изјави дека НАТО е поготвен да ја брани секоја педа од сојузничката територија, од каква било закана, од која било насока.
Подготвено од А.Ѓ.