29.05.2022 Скопје
Макрон и Шолц го повикаа рускиот претседател Путин на сериозни и директни преговори со украинскиот претседател Зеленски, за дипломатско решение на војната и побараа ослободување на 2 500 украински војници заробени во фабриката за челик во Азовстал, од страна на руските сили.
Од кабинетот на германскиот канцелар соопштија дека целта на разговорите, коишто се одржани на барање на Макрон и Шолц, била да се влијае на Путин и војната во Украина конечно да се заврши.
Подготвено од А.Ѓ.