10.05.2022 Скопје
Заменик – претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на работната посета во Париз, оствари средба со вицепремиерката за надворешни политики за ЕУ интеграции и регионална соработка на Црна Гора, Јована Маровиќ, на која разговараа за европската агенда и регионална соработка, потврдувајќи дека двете земји посветено работат на трансформацијата на општеството, градено врз европските вредности и стандарди.
Вицепремиерот Маричиќ соопшти дека иднината на двете земји е заедничка и иста – полноправно членство во Европската Унија. Тој додаде дека Македонија и Црна Гора се во одлични билатерални односи, кои постојано се развиваат и усовршуваат.
Подготвено од А.Ѓ.