28.05.2022 Скопје
На 7 Јуни во Белград, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ќе оствари средба со српскиот државен врв, претседателот Александар Вучиќ.
Се очекува да се води разговор за настаните во Украина и позицијата на Србија во оваа кризна состојба.
Од избувнувањето на војната во Украина, ова е прва посета на висок руски функционер во регионов. Лавров треба да присуствува и на приемот по повод Денот на Русија, што ќе се организира на 7 Јуни во Амбасадата во Белград.
Подготвено од А.Ѓ.