19.05.2022 Скопје
Делегација на Собранието на РСМ деновиве е на студиски престој во германскиот Бундестаг во Берлин.
Делегацијата е предводена од собранискиот претседател, Талат Џафери, а покрај него се и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова и вработени во службата на Собранието.
Како што се посочува во соопштението од Собранието, во обраќањето на Олаф Шолц, најмногу се има осврнато на војната во Украина, како и потребата за финансиска помош, во која што треба сите заедно да учествуваат, за да се допринесе за побрзо опоравување на уништената инфраструктура.
Подготвено од М.Н.