https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1939628556369369&set=pb.100009667291517.-2207520000..&type=3

15.05.2022 Скопје

По повод 100 – годишнината од воспоставувањето на канонско единство на Српската патријаршија се одржа свечена седница на Светиот архиерејски Сабор на СПЦ.

Поглаварот Порфирие истакна дека Печката патријаршија, од незаконитото укинување во 1766 година до 12 септември 1920 година, живеела поделена во митрополии и епархии во границите на различни држави, кога е воспоставено единство. Меѓу другите ги наброја и Скопската, Велешко – дебарската, Пелагониската, Преспанско – охридската, Струмичката и Воденската митрополија со кои било воспоставено единство.

Поглаварот на СПЦ додаде и дека овој голем празник е на единството и слогата, денот кога од сите е потврдена општата, секогашната свест за единство и континуитет на светата Православна црква во историјата, особено по големиот настан на стекнувањето на автокефалноста пред повеќе од осум векови, од Жича, Пеќ и Карловац до Белград. Тој соопшти и дека на 19 февруари 1922 година, Константинополската патријаршија со соодветен црковен акт, со сеправославно прифатен томос, го потврдила обединувањето на историските српски црковни области како „ канонско и оправдано “, а СПЦ е призната за секогаш и за навек како сестринска Црква на сите автокефални православни цркви.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author