30.05.2022 Скопје
Лидерите на ЕУ ќе се состанат за да разговараат за новиот пакет санкции против Русија, којшто предвидува ембарго на руската нафта и програма насочена кон забрзување на прекинот на зависноста од фосилните горива, вклучително и од рускиот гас.
За овој пакет санкции, во ЕУ нема единство, најмногу се противи Унгарија, која бара да биде изземена од оваа одлука.
Подготвено од А.Ѓ.