04.05.2022 Скопје
Денес се одбележуваат 119 години од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев.
Гоце Делчев на денешен ден во 1903 години бил убиен од турската војска во селото Баница.
На 11 Октомври 1946 година, останките биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
По повод денешниот ден собраниската делегација ќе положи цвеќе во црквата „ Свети Спас “ на гробот на Гоце Делчев.
Цвеќе ќе положат и делегации од други државни институции, здруженија и граѓани.
Подготвено од М.Н.