29.05.2022 Скопје
Одржан е телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Актуелниот договор за испорака на гас од Русија, истекува на 31 Мај и во разговорот, меѓу другото, Вучиќ поставил прашање за количината, цените и безбедноста на снабдувањето на Србија на овој енергенс.
Во објавеното соопштение од Кремљ стои дека Русија ќе продолжи непречено да испорачува гас за Србија.
Подготвено од А.Ѓ.