07.05.2022 Скопје
Игралиштето на ОУ „Киро Глигоров“ во Скопје станува приватна сопственост под времен закуп на приватна фирма.
Наместо слободен простор за рекреација, учениците ќе имаат „попуст“ за да го користат игралиштето. Игралиштето ќе биде под клуч и оние што не се зачленети нема да можат да го користат слободниот простор за рекреација. Ова игралиште за децата да си играат, на таа возраст, од 10 до 14 години, го чекаа цели 40 години.
Во моментов нема детали од општина Центар, под чија надлежност е училиштето и приватната компанија.
Подготвено од М.Н.