29.05.2022 Скопје
Украина е една од најголемите светски извозници на пченица, пченка и сончогледово масло, но војната и руската блокада на нејзините пристаништа, го стопираа тој проток.
Полињата се преполни со неексплодирани гранати, а земјоделската опрема и магацини се уништени.
Русија и Украина, заедно сочинуваат околу 30 % од светскиот извоз на пченица и пченка.
Земјоделците од Украина бараат европските земји, заедно со Британците, да се обединат и да најдат решение, бидејќи во спротивно тоа ќе биде катастрофа не само за Украина, туку и за земјите кои увезуваат од Украина.
Подготвено од А.Ѓ.