09.05.2022 Скопје
Денес се одржа работилницата „Развој на социјални услуги на регионално ниво“, организирана од Скопскиот плански регион и Програмата за развој на ООН.
Целта на работилницата е поттикнување на дискусија и размена на искуства за креирање на успешни социјални планови на локално ниво.
На работилницата присуствуваше и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, која соопшти дека целта на започнатиот процес на Министерството за труд и социјална политика на реформирање на социјалната заштита, е реализирање на процесите на деинституционализација, децентрализација и плурализација во доставата на социјалните услуги. Тренчевска додаде и дека Министерството за труд и социјална политика го реализира „Проектот за подобрување на социјалните услуги“ со цел да ја зајакне вклученоста на општините во планирањето, развојот и давањето на социјални услуги на локално ниво, преку лиценцирани даватели на услуги. Исто така, во финална фаза е и Новата Национална програма за развој на социјална заштита 2022 – 2032 година, со кој документ се содржани цели, приоритети и правци на развој на социјалната заштита, со мерки и активности на среден и долг рок за остваруање на правата на парична помош и социјалните услуги.
Подготвено од А.Ѓ.