https://en.wikipedia.org/wiki/Pulitzer_Prize#/media/File:Pulitzer_Prizes_(medal).png

10.05.2022 Скопје

Универзитетот Колумбија од Њујорк ги доделува Пулицеровите награди, со што секој добитник добива диплома и награда од 10 000 американски долари. Наградата ја востанови Џозеф Пулицер, унгарско – американски новинар и издавач, кој по неговата смрт, сиот свој имот го остави на Универзитетот Колумбија.

Пулицеровата награда традиционално се доделува секој април, а победниците ги избира независна комисија.

Пулицерова награда за известување од јавен интерес за опсадата на американскиот Капитол доби „Вашингтон пост“, додека во категоријата фото – репортажа за известување за пандемијата на коронавирус во Индија победи Ројтерс.

Менаџерката на Пулицеровата награда, Марџори Милер, соопшти дека украинските новинари добија специјално признание за покривање на руската инвазија.

Награда за ударна вест за известување за уривањето на висококатницата во Њујорк ја освои „Мајами Хералд“.

Три Пулицерови награди за известување освои „Њујорк тајмс“, а неговата репортерка Андреа Елиот освои Пулицерова награда во општа нефикција категорија за нејзината книга „Невидливо дете: сиромаптија, преживување и надеж во американскиот град“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author