09.05.2022 Скопје
Во текот на денот, на локалниот пат во тетовско Желино, полициски службеници од Полициското одделение Групчин ги лишиле од слобода Б.С. (36) и С.А. (61), двајцата од тетовско Желино. При преглед во возило „ сузуки свифт “, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Б.С., било констатирано дека превезуваат огревни дрва без соодветна документација. Возилото и дрвата биле одземени за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Подготвено од А.Ѓ.