https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10158802934797737&set=pb.556967736.-2207520000..&type=3

15.05.2022 Скопје

Шефицата на кабинетот на премиерот Петков соопшти дека посетата закажана за на 22 Мај се откажува. Причините поради кои се откажува не се технички, ниту, пак, агендата на двајцата државни челници, туку очекувањата кои нашата земја не ги исполнила.

Бориславова додаде дека немаат документ на кој можат да работат на договорот за добрососедство, и посета нема да има се додека не видат чекори поврзани со исполнувањето на критериумите, со разбирање и дејствија кои ќе докажат дека ќе има борба против дискриминацијата на бугарското етничко малцинство. Исто така, истакна и дека бугарската јавност нема потреба од загриженост дека Петков ќе подлегне на се посилните притисоци од надвор за решавање на проблемост со Македонија.

Премиерот Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи соопштија дека крајот на летото е неформален рок до кога очекуваат да се реши проблемот со Бугарија и да се одблокира европскиот пат на Македонија.

Самитот на Европската Унија е закажан за 23 и 24 Јуни во Брисел и ќе претседава Франција. Од први јули претседавањето го презема Чешка.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author