17.05.2022 Скопје
Српската Влада соопшти дека премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ, утре ќе ја посети Македонија и ќе оствари средба со премиерот Димитар Ковачевски.
Ќе се одржи и премиерски панел „Градење на просперитетна иднина: Улогата на регионалната соработка“, што ќе се одржи во рамки на Самитот „Македонија 2025“ и ќе учествуваат и премиерот Ковачевски и премиерката Брнабиќ. На Самитот ќе се дискутира за трансформацијата, дигитализацијата, развојот на технологијата, важноста на лидерството, градењето на глобални брендови, за дигиталните општества, работните места, човечкиот капитал и „блок – чеин“ технологиите.
Подготвено од А.Ѓ.