20.05.2022 Скопје
По посетата на еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји во Бугарија и неговото барање во рок од три недели да се даде согласност за почеток на преговарачкиот процес со Скопје, премиерот Кирил Петков даде изјава дека не може самостојно тој да донесе одлука за „зелено светло“ за Северна Македонија.
Ако се постигне било каков договор со Северна Македонија, Министерството за надворешни работи треба прво да ја извести Владата, Коалицискиот совет и Парламентот за конечната одлука за преговорите.
Подготвено од М.Н.