03.05.2022 Скопје
Од бугарската авиокомпанија ГуливЕр нема никаква информација за преки на авиолинијата Софија – Скопје.
Владата информираше дека авиокомпанијата која го оперира летот Софија – Скопје нема склучно договор за финансиска поддршка со Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за транспорт и врски, исто така дека авиокомпанијата има одобрено термини за полетување и слетување и во текот на овој месец.
Бујар Османи, министерот за надворешни работи, соопшти дека кога било разгледувано ова прашање, разговарале на две опции. Првата опција била да биде целосно комерцијална, а втората опција била да биде субвенционирана од страна на владите, при што Бугарија ја презела обврската за субвенционирање. Министерот соопшти и дека најверојатно ова запирање е процес на преговори меѓу компанијата и Владата за тоа дали ќе има поддршка или не.
Подготвено од А.Ѓ.