07.05.2022 Скопје
Опозицијата бара да се определи датум за одржување предвремени парламентарни избори.
Премиерот Ковачевски смета дека треба да има средби за теми коишто се во интерес на граѓаните, а не единствена точка на дневен ред да биде за предвремени избори.
Со блокирањето не се прави штета на Владата и на Собранието, туку се прави штета на компаниите, граѓаните и на државата. Ковачевски ги повика сите пратеници да бидат на ниво на својата задача, бидејќи се избрани од народот и треба да работат за народот.
Подготвено од М.Н.