13.05.2022 Скопје
Пожарот во кој изгоре модуларната болница во Тетово, а животот го изгубија 14 лица, се уште е во процес во Државното обвинителство.
Според експерти од Германија, пожарот настанал поради спој на продолжен кабел, но секако ќе има кривични пријави за засега непознат број на лица.
Случајот се уште е во фаза на предистрага, но засега не се знае колку лица се обвинети и кога официјално ќе биде поднесено обвинението за случајот.
Подготвено од М.Н.