28.05.2022 Скопје
По руската инвазија врз Украина, поради безбедносни причини, Амбасадата на Република Северна Македонија беше привремено затворена.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на посетата на Украина, со свечено подигнување на знамето, Амбасадата повторно отпочна со извршување на своите редовни активности.
Министерот Османи на средба со неговиот колега, Дмитро Кулеба, информираше и за одлуката на Владата, со која Северна Македонија обезбедува итна финансиска помош за Украина, во износ од 100 илјади евра.
Подготвено од А.Ѓ.