14.05.2022 Скопје
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и министерот за здравство, Беким Сали, присуствуваа на отворањето на новиот одел за магнетна резонанса во ЈЗУ Општата болница во Прилеп.
Магнетната резонанса ќе биде од огромно значење за пациентите од Прилеп и околината, со што нема веќе да патуваат во Скопје, за да обезбедат поквалитетна здравствена услуга.
Спроведени се и обука и пробни снимања од страна на лекарскиот тим и другиот медицински персонал, кои се целосно подготвени да им ја пружат најдобрата здравствена услуга на Прилепчани.
Во обраќањето, премиерот Ковачевски, се осврна и на платите на лекарите, со тоа што истакна дека платите само во оваа година се покачени за 5%, но нема да остане само на тоа покачување, затоа што повисоките плати придонесуваат за поквалитетна здравствена услуга на сите граѓани.
Подготвено од М.Н.