13.05.2022 Скопје
Во текот на вчерашниот ден, претставници од СОНК одржале средба со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, откако таа претходно соопшти дека вработените кои штрајкувале нема да земат целосни плати за Април.
Бидејќи обазовниот процес не смее повторно да се прекине, се надеваат дека ќе се постигне усогласување за некои ставови.
Засега нема конкретни информации околу тоа дали ќе се постигне договор и дали постои законско решение за неисплатените пари да им бидат дадени во наредните месеци.
Подготвено од М.Н.