07.05.2022 Скопје
Британската агенција за здравствена безбедност соопшти дека на едно лице во Англија му е дијагностициран вирусот – Мајмунска сипаница.
Пациентот се лекува во Специјалистичката клиника за инфективни болести во Лондон. Оваа вирусна инфекција е ретка и луѓето се опоравуваат за неколку недели. Првичните симптоми се треска, главоболка, болки во мускулите, отечени лимфни јазли и исцрпеност, а може да се развие и осип, кој се менува и поминува низ разни фази, за да на крај се формираат красти и паѓаат.
Заразеното лице во Англија по сознанија, неодамна бил во Нигерија, каде се верува дека се заразил пред да дојде во Велика Британија.
Подготвено од М.Н.