https://pbs.twimg.com/media/FXyi2ZPVQAAb3Am?format=jpg&name=large

08.05.2022 Скопје

Република Северна Македонија веќе 17 години е кандидат за членство во Европската Унија. Во изминатите години веќе околу 50 отсто од нејзиното законодавство е хармонизирано со законодавството на ЕУ.

Премиерот Ковачевски во неколку од неговите изјави има истакнато дека како држава на патот за членство, од некои работи се имаме откажано, но и многу тешки одлуки се донесени, со што се очекува од ЕУ за конечно да ја донесе одлуката за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и ќе се означи почетокот на преговорите. Тој додаде и дека секој процес, кој трае долго, а нема резултат на крајот доведува до намалување на довербата кај граѓаните во земјава.

Република Северна Македонија доколку не добие датум за преговори ова лето, во јуни, сепак ќе продолжи и нема да се откаже од евроатлантските интеграции. И покрај се, ќе се продолжи со работата на усогласување на законодавството, на процесите за зголемување на соработката со сите земји – членки во ЕУ, како и на зголемување на стратешкиот партнерски однос со САД.

Премиерот Ковачевски додаде и дека стратешкото партнерство со САД, не е замена за членството во ЕУ. Стратешкиот дијалог ќе почне во јуни во сферите на надворешната политика, економија, инвестиции, образование, одбрана, со што ќе биде дефиниран и тим на министри и експерти, кои ќе престојуваат во Вашингтон.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author